вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ибра на тренинг на Јунајтед: Гледам таленти, но не како мене

Ибра на тренинг на Јунајтед: Гледам таленти, но не како мене

Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ го посети својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед за време на нивната предсезонска обука во Лос Анџелес.

Швеѓанецот, кој во моментов игра за Л.А. Галакси, присуствуваше на тренингот на кампусот во „УКЛA“.

– Гледам Јунајтед како тренираат и гледам многу таленти, но не и талент како мене, сподели на Инстаграм во типичен стил Ибракадабра.

Тој ги поздрави своите поранешни соиграчи и им посака среќа во новата сезона, која почнува на 10 август.

– Убаво е да се видат момците, тие се среќни и вредни. Бидете подготвени за новата сезона, нешто посебно ќе се случи. Сè најубаво за сезоната и уживајте, им порача Ибра на „црвените ѓаволи“.

Кон составот на Јунајтед веќе почнаа да се приклучуваат фудбалерите кои учествуваа на Светското првенство 2018 година. Првиот од нив беше Србинот Немања Матиќ. Пол Погба, Маркус Рашфорд и новото засилување Фред се уште се очекуваат да се приклучат на тимот.

Следниот натпревар на „црвените ѓаволи“ е против италијански Милан на „Роуз Бол“ (Пасадена) в четврток со почеток од 17 часот по македонско време. Дуелот е дел од пријателскиот турнир Интернешнл Чампионс Куп.

МИА