петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер се договори со Мхитријан

Интер се договори со Мхитријан

Италијанскиот фудбалси клуб Интер го промовираше четвртото засилување оваа лето, откако најголемата ерменска ѕвезда Хенрик Мхитарјан, кој доаѓа на „Џузепе Меаца“ како слободен играч од Рома.

Ерменецот официјално го потпиша договорот и беше промовиран во сино-црниот дрес.

„Многу сум среќен што доаѓам во вака голем клуб. Ќе дадам сѐ од себе за да помогнам да ги оствариме целите“, рече Мхитарјан.

Тој е поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, Арсенал, а во Рома мина три години и одигра 119 меча.

Интер претходно ги промовираше Ромелу Лукаку, голманот Андре Онана и најталентираниот албански фудбалер Кристијан Аслани.