сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италијанските медиуми веќе му најдоа замена на Ди Франческо

Италијанските медиуми веќе му најдоа замена на Ди Франческо

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо нема уште долго да се задржи на клупата на „Волчицата“, шпекулираат медиумите во Италија.

Рома има неочекувано слаб старт во Серија А и по пет одиграни натпревари се наоѓа дури на 14.место со пет бодови.

Ди Франческо може да биде сменет по две кола. Раководството на тимот не е задоволно од резултатите. Се претпоставува дека најверојатен кандидат кој ќе го замени 49-годишниот специјалист е поранешниот тренер на Фиорентина Пауло Соуза, кој моментно ја предводи кинеската екипа Тијанџин.

Во шестото коло в среда Рома го пречекува Фросиноне. (МИА)