среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јапонците и Англичаните бараат новинарите да носат маски

Јапонците и Англичаните бараат новинарите да носат маски

Маските за лице се неопходни за присуство на медиумските активности на јапонската и англиската репрезентација, им соопшти вчеравечер ФИФА на новинарите.

-Ве информираме дека тимовите на Јапонија и Англија побараа сите претставници на медиумите да користат заштитни маски при секоја интеракција со играчите и претставниците на тимовите. Ова се однесува на стадионите, но и на тренинг камповите. Ќе ви бидат поделени маски, соопшти ФИФА.

Која е причината за тоа, дали во камповите на тие репрезентации има заразени со корона вирусот или тоа е само мерка на претпазливост, во овој момент не знаеме.