Португалецот Жозе Мурињо по две години поминати во Манчестер Јунајтед, заминува од „Олд Трафорд“.
Во официјалното соопштение клубот наведува дека Мурињо го напуштил Манчестер спогодбено.
-Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа во Манчестер Јунајтед и да му посакаме успех во иднина. Новиот менаџер ќе биде назначен до крајот на сезоната, додека клубот спроведува темелен процес на регрутација за нов менаџер со полно работно време.
Јунајтед во моментот е на шестото место во шампионатот на Англија со 26 бода од 17 натпревари.
Под водство на 55-годишниот Мурињо, Манчестер го освои Лига Купот, Суперкупот на Англија и Лига Европа.