понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Каква дволичност на Рамос: По повредата го тешеше Салах, а потоа се смешкаше со судијата (ВИДЕО)

Каква дволичност на Рамос: По повредата го тешеше Салах, а потоа се смешкаше со судијата (ВИДЕО)

Ливерпул го загуби финалето во навистина чуден натпревар, меѓутоа она што повеќе ги загрижува во овие моменти е повредата на нивниот најдобар играч. Не стивнуваат реакциите околу повредата на Мохамед Салах и начинот на кој што се повреди.

Од една страна постојат сомнежи дека Серхио Рамос намерно ја задржа раката на Салах по што дојде до повреда на најдобриот стрелец на Ливерпул, а од друга страна има и такви кои застанаа во одбрана на Рамос.

Меѓутоа, се коментира не само неговиот старт на теренот, туку и однесувањето после се, кога стана јасно дека Салах нема да може да го продолжи натпреварот.

Како што може да се види на фотографијата, тој го тешеше својот ривал, но полемика предизвика снимката на која се гледа како Рамсо се смее со помошниот судија додека Салах излегува од теренот.