сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Камп Ноу ќе го промени името“

„Камп Ноу ќе го промени името“

Жоан Лапорта во разговор за шпанските медиуми одново зборуваше за Лионел Меси и ситуацијата со Роналд Куман.

Претседателот на Барселона објасни дека кредиот кој го земале од милијарда евра за нов стадион и комплекс е добра одлука која во иднина ќе им донесе голема заработка. Тој откри дека новиот стадион ќе има ново име.

„Додека се гради стадионот ќе играме на игралиштето на академијата, тоа ќе биде само една сезона. Новиот стадион ќе биде спектакуларен. Во светот на бизнисот нема никакви гаранции, но веруваме дека тој потег ќе биде вистински. Не станува збор за класичен кредит, бидејќи истиот ќе го враќаме кога ќе почнеме да заработуваме. Работите ќе почнат следното лето, а новиот стадион ќе го носи името на спонзорот, бидејќи тоа носи голема заработка која ние не можеме да ја игнорираме“, рече Лапорта.

Барса ова лето остана без Меси после 21 година.

„Не му се лутам, премногу го сакам. Секако дека се разочаран кога си замина, беше разочаран и тој. За да ја задржиме стабилноста на тимот моравме да ги ограничиме платите, затоа не можевме да му понудиме нов договор. Се надевав дека ќе остане и ќе игра без пари, но тоа не можевме да очекуваме, особено по понудата од ПСЖ. Се обидвме да му понудиме нешто, но тоа беше далеку од очекувањата. Тој е најголемиот играч во историјата на овој клуб“.