петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капитенот на Јунајтед се излета на Инстаграм, се чека реакцијата на Мурињо

Капитенот на Јунајтед се излета на Инстаграм, се чека реакцијата на Мурињо

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија стави „лајк“ на пост за барање оставка на тренерот Жозе Мурињо и потоа се извини.

На Валенсија му се допаднала фотографијата поврзана со постот на Инстаграм поставен од страна на група навивачи каде се бара оставка на тренерот на тимот Жозе Мурињо.

– Се извинувам. Ставив лајк без да ја прочитам содржината. Тоа е несреќна моја реакција. Тоа не е мојот став за тренерот Мурињо, изјави Валенсија.

Манчестер Јунајтед се наоѓа во серија од четири натпревари без победа.

– Време е Мурињо да замине, стои во постот на Инстаграм.

Еквадорецот Валенсија (33) на „Олд Трафорд“ е од 2009 година. Досега одиграл 335 натпревари во кои постигна 25 гола и оствари 62 асистенции.

МИА