понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кога главата ќе падне над тастатурата: Рома го има најлудиот фудбалски твит

Кога главата ќе падне над тастатурата: Рома го има најлудиот фудбалски твит

Рома го дочека второто европско полуфинале во историјата на клубот, сензационално исфрлувајќи ја Барселона. Официјалниот Твитер на римскиот клуб победата ја прослави како вработениот да имал напад. Се надеваме дека е добро.

Рома на Олимпико  ја одигра еден од најголемите натпревари во својата историја, стигнувајќи до полуфинале прв пат после 34 година и тоа против Барселона после поразот од 4:1 во првиот меч на Ноу Камп.

Но римските трагичари Манолас и Де Роси, кои дадоа автоголови на првиот меч, се претворија во јунаци и заедно со Един Џеко, кој постигна гол и се избори за пенал  во реваншот, ја однесоа Рома во четирите најдобри.

Рома е само трет тим во Лигата на шампионите, после Депортиво и Барселона, која успеала во ЛШ да се врати после пораз од три или повеќе голови разлика. Тешко им беше на навивачите на Рома да го следат мечот, ништо помалку тешко не им беше ниту на вработените во клубот.

Кога ќе го погледнете официјалниот Твитер профил на Рома ќе сфатите. Прво зборот „DAJE“, што значи на римски дијалект „одиме“, а потоа куп неповрзани знаци.

Само да се надеваме дека човекот кој го води профилот на Рома поминал добро…