петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мартинез потврди дека Азар ќе игра против Италија

Мартинез потврди дека Азар ќе игра против Италија

Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето од Европското првенство откако славеше против Португалија со 1-0, но на осминафиналниот натпревар остана без Кевин де Бруине и Еден Азар.

Сепак „црвените ѓаволи“ можат да здивнат бидејќи повредата на Азар не е толку сериозна колку што се чинеше во првиот момент и се очекува тој да биде „фит“ за петочниот меч со Италија.

Четвртфиналниот натпревар во кој Белгија ќе се сретне против Италија е закажан за во петок на „Алијанц Арената“ со почеток од 21 часот.