четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мексико доби нов селектор

Мексико доби нов селектор

Диего Кока е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Мексико. Кока работеше во локалниот клуб Тигрес, но двете страни го раскинаа договорот.

Кока ќе биде тренерот кој ќе го гради тимот за СП 2026 година на кое Мексико, САД и Канада ќе бидат домаќини.

Инаку Кока доаѓа на местото на Хералдо Тата Марино кој напушти веднаш по елиминацијата на Мексико на СП во Катар.

„Имам голема верба во мексиканските фудбалери и нивниот талент. Сепак, талентот не е доволен. Потребни се уште многу работи за успех и тоа е мојата цел. Сакам да бидам во успешен тим кој може да предизвика секого. Само небото е нашата граница“, коментира 51-годишниот аргентински специјалист, цитиран од агенцијата АП.