четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан сака намалување на платите за 20 отсто

Милан сака намалување на платите за 20 отсто

Раководството на Милан ќе побара од играчите намалување на платите за 20 отсто, објави „Ла Република“.

Таквото решение ќе помогне во справувањето со тешката економска криза предизвикана од епидемијата на новиот коронавирус.

Во октомври гигантот од Милано објави загуба од 195 милиони евра за сезоната 2019/2020.

Во март, кога фудбалот беше суспендиран, играчите на Јувентус се согласија на намалување на платите, што му заштеди на клубот околу 90 милиони евра. (МИА)