сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Погба е среќен во Јунајтед

Мурињо: Погба е среќен во Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека халфот Пол Погба е среќен и е подготвен да им помага на своите соиграчи и на тимот. Во последните денови се појави информација дека 25-годишниот Французин сака да премине во Барселона и дури имал средби со раководството на двата клуба, но Мурињо увери дека во овие гласини нема ништо точно.

– Според мое мислење, Погба се прибра среќен во понеделникот и полн со желба за работа. Тој се претстави одлично на тренинзите во текот на неделата. Работната етика покажува дека тој е задоволен и дури нема смисла да зборувам со него дали сака да остане, изјави Португалецот.

Манчестер Јунајтед ја започнува новата сезона во Премиер лигата вечерва со натпревар против Лестер, но најверојатно Погба нема да биде вклучен во составот за дуелот. (МИА)