недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачки спектакл на Комити, 10 километри долга бакљада

Навивачки спектакл на Комити, 10 километри долга бакљада

Неколку убави причини имаа навивачите на Вардар за голема прослава во саботата вечер. Се славеше 35-годишнина од основање на групата Комити, 75-ти роденден на Вардар, 15-та титула во ракометното првенство и 5-години од најголемиот успех во историјата на ова спортско друштво – правата европска шампионска титула во ракомет.

Со неверојатна фешта, досега невидена од навивачки аспект во земјава, Комити направија долг шпалир од скопската населба „Хром“ до мостот „Близнак“ кај Ново Лисиче.

Голем број возила во една црвено-црна колона паралелно возеше од едната до другата населба и со сирени ги потсетија Скопјани на убавиот јубилеј од најголемиот успех на еден спортски колектив во земјава.

Централниот настан беше пред сала „Јане Сандански“ во Аеродром каде блестеше пиротехника, музика и добра забава.