петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нема профили на социјалните мрежи, а мобилниот му е постојано на “вибрации“: Одлуката на фудбалерот на Барселона е изненадување

Нема профили на социјалните мрежи, а мобилниот му е постојано на “вибрации“: Одлуката на фудбалерот на Барселона е изненадување

Серхио Бускец е еден од оние фудбалери кои во тимот на Барселона полн со ѕвезди секогаш го обработува оној потешкиот и полошиот дел од работата. А, она што исто така го прави посебен меѓу фудбалерите е што не е приврзаник на модерните технологии и веројатно еден од ретките фудбалери кој нема профил на социјалните мрежи.

-Да се прашувам јас, би се отарасил од Твитер. Особено поради лажните профили. Едноставно, луѓето да имаат слобода да прават што сакаат и да зборуваат што мислат, изјави Бускец.

Според оваа технолошка апстиненција, Бускец е многу сличен на поранешниот соиграч од Барселона и репрезентацијата на Шпанија, Чави.

Ваквата одлука сигурно му нанесува штета од финансиски аспект бидејќи не може како останатите играчи на Барселона да има и одредена заработувачка, но тоа му е во втор план.

-Тоа е мојата животна филозофија. Вака повеќе ќе добијам, а помалку ќе изгубам, заклучи Бускец.

Тој нема профили ниту Фејсбук, ниту Инстаграм, ниту Твитер.  Мобилниот телефон го става на “вибрации“ кога излегува со пријателите.