Илија Несторовски останува во Удинезе. Ова е веста која ја потврди и самиот клуб. Тој ја продолжи верноста со тимот од Удине до јуни 2023 година, и стави крај на шпекулациите дека ќе си замине од таборот на италијанскиот тим.
Со тоа Македонецот ќе игра и понатаму во Серија „А“ и покрај интересот од неколку екипи од Серија „Б“, пред се од неговиот поранешен клуб Палермо.
„Удинезе објавува продолжување на договорот на Илија Несторовски до 2023 година, со можност да биде продолжен на уште една“, се вели во објавата.
Несторовски е дел од Удинезе од 2019 година, а претходно играше за Палермо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жишков, Словачко и прилепска Победа.