понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Отпаднаа Покетино, Нагелсман, Алегри, Лев…- неочекувано име фаворит за нов тренер на Реал Мадрид

Отпаднаа Покетино, Нагелсман, Алегри, Лев…- неочекувано име фаворит за нов тренер на Реал Мадрид

Доколку на некого му кажете дека Реал Мадрид ќе има проблем да најде тренер на својот тим, нема да му верува. Меѓутоа, ситуацијата на Сантијаго Бернабеу е токму таква. Имено, клубот има големи проблеми во потрагата по нов тренер, кој би продолжил онаму каде што застана легендарниот Зизу.

Кандидатите отпаѓаа еден по еден и како стојат работите, главна опција станува 41 годишниот легендарен фудбалер на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез Хернандез, во јавноста подобро познат како Гути.

Веднаш по заминувањето на Зидан, во прв план беа истакнати Јоаким Лев и Маурицио Покетино, но двајцата брзо отпаднаа. Првиот затоа што не сака да ја напушти клупата на актуелните светски шампиони, вториот пак не го пуштаат од Тотенхем додека има важечки договор. Сериозна опција беше и 30 годишниот тренер на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман, но тој е очигледно посебен тип. Откако го одби повикот од Баерн, тоа сега го направи и со Реал. Остана цврст и одлучи да ја продолжи работата со Хофенхајм, тим со кој обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Се споменуваше и името на Јирген Клоп, но таа можност многу брзо отиде во рубриката „невозможно“. Клоп има цврст договор со Ливерпул, а на Енфилд не помислуваат да се откажат од тренерот кој наредниот период би требало црвените да ги врати во самиот врв на англискиот и европскиот фудбал, така што Реал мораше да ја продолжи потрагата. А од Мадрид се обидеа и со Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус. Ни тука немаа некој успех, Алегри се заблагодари за понудата со образложение дека поради семејни причини сака да остане во Италија.

Секако, не е невозможно да дојде од пресврт со некој од овие тренери, посебно кога станува збор за Покетино, затоа што газдата на Тотенхем, Даниел Леви, не навикна дека во неговата визија се си има своја цена. А таа, посебно кога е тој во прашање е доста голема. Како што беше случајот со Лука Модриќ и Герет Бејл. Двајцата долго време не ги пушташе во Реал Мадрид, за сепак на крајот да се откаже кога цифрата беше доволно добра. Таков расплет многумина најавуваат во овој случај.

А додека се чека такво нешто, некаков голем пресврт, во прв план изби Гути. Дете на Реал Мадрид, со бела боја во генетскиот код, кој 25 години го носеше дресот на кралскиот клуб. Кариерата ја заврши во 2011 година, по само една година помината во дресот на Бешикташ, а две години подоцна се приклучи во тренерскиот тим на младинската школа на Реал. Во последните пет години докажа дека може и знае, во толкава мера што во овој момент е доста сериозна опција.

Нема доволно искуство, тоа е факт што не може да се побие, но тоа го немаше ниту Зидан. А неговиот успех сите го знаеме, освои три трофеи во Лигата на шампионите. Беше голем играч, талентиран тренер, знае како функционира секое парче од реаловиот свет… Се тоа се негови предности, аргументи поради кои би можел да ја добие оваа голема шанса, но сепак ќе мора да се причека малку за оваа приказна да дојде до својот крај. На крај сепак ќе одлучат оние кои се во канцелариите на Реал Мадрид, на чело со Флорентино Перез.