недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Педро останува во Челзи до 2020 година

Педро останува во Челзи до 2020 година

Напаѓачот на Челзи, Педро Родригез го продолжи договорот со клубот за уште една година, што значи дека ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до летото 2020 година.

Шпанецот, кој се приклучи на „сините“ во 2015 година, веќе има 131 натпревар и 28 гола за Челзи.

– Тоа е одлична вест за мене. Среќен сум со моите соиграчи, навивачи и клубот како целина. Важно е да продолжам да играм овде. Се чувствувам добро и сакам да освојам нови титули и трофеи. Сакам да му помогнам на тимот да постигнува голови, изјави 31-годишниот Педро на клубот.