среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Почина поранешниот фудбалер на Челзи и Јунајтед

Почина поранешниот фудбалер на Челзи и Јунајтед

Поранешниот англиски фудбалер Реј Виклинс починал денес на 61 година како последница од срцев удар, јавуваат медиумите од Островото.

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија и првотимец на Челзи и Манчестер Јунатед, во саботата доживеал срцев удар, а лекарите неколку дена се бореле за неговиот живот.

 

Вилкинс за време на својата кариера како играч беше член на Милан, ПСЖ, Ренџерс…, а потоа замина во тренерските води и беше помошник во младата селекција на Англија, Челзи и Вотфорд.

За „Гордиот албион“ одигра 84 натпревари, во 10 настапи беше капитен на репрезентацијата, а постигна и три погодоци.