Пол Погба доби нависитна тежок удар со веста за смртта на Мино Раиола, човекот кој фудбалски го издигна на трансфер пазарот и кој му помогна да добие неверојатни пари од договорите кои ги имаше во Манчестер Јунајтед и Јувентус.
По неговата смрт, одговорен за правното застапување на Французинот е Рафаела Пимента која ја наследи цела работа на легендарниот Мино, а Погба сега открива дека има навистина посебна врска со неа и ја смета за своја „втора мајка“.
– Рафаела Пимента е како моја втора мајка, таа ми помогна многу во мојата кариера, секогаш беше блиску до мене заедно со Мино. Таа направи да сфатам многу работи кои се случуваат во фудбалот.
– Таа е исклучително важна за мене и моите најблиски и беше дел од секоја важна одлука која ја донесов во мојата досегашна кариера, – открива Погба, кој се потсети и на една етапа од Англија, пред првпат да го напушти Манчестер Јунајтед.
– Кога бев многуг млад во Манчестер, Фергусон сакаше да потпишам нов договор и да ја продолжам соработката. Кога пристигна Мино и го виде договорот, ме натера да станам и порача: Ова не би дозволил да го потпише ниту моето куче!, – открива Погба.