вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Погба жали што дошол во Јунајтед

Погба жали што дошол во Јунајтед

Францускиот фудбалер Пол Погба зажалил што од Јувентус премина во Манчестер Јунајтед, наместо во Реал Мадрид, поради стилот на играта на менаџерот Жозе Мурињо, пренесува „Л’Екип“.

Погба на „Олд Трафорд“ пристигна летото 2016 година за рекордни 110 милиони евра, но сега не е среќен како се одвива ситуацијата, бидејќи нејзиниот однос со Мурињо не е на завидно ниво.

Угледниот весник известува дека Погба размислува за понатамошни чекори во иднина, иако е свесен дека има цврст договор со Манчестер до 2021 година.

Минатото лето тој се обиде да го убеди соиграчот од репрезентацијата Антоан Гризман да го прифати повикот на Јунајтед, но голгетерот на Атлетика остана во Мадрид.

Погба во тековната сезона постигна три гола и 10 асистенции во сите натпреварувања.