четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пред 91 година на денешен ден започна да се одржува првиот Мундијал, ова се деталите

Пред 91 година на денешен ден започна да се одржува првиот Мундијал, ова се деталите

На денешен ден во 1930 година започнале првото Светско фудбалско првенство.

Ова Светско првенство се одржа во Уругвај од 13 јули до 30 јули. ФИФА го избра Уругвај за домаќин на изборот во Барселона, затоа што Уругвај славеше стогодишнина од независноста, а Уругвајската репрезентација го освои турнирот на Олимписките игри 1928 година.

Во завршниот турнир се натпреваруваа 13 тимови, од кои четири од Европа, а девет од Северна и Јужна Америка. Повеќето тимови од Европа одбиле да настапуваат поради оддалеченоста и големите цени за патувањето.

Првиот гол во историјата на Светските првенства го даде Французинот Лусин Лоран. Во финалето домаќинот и фаворит за освојувањето на овој светски куп, Уругвај ја победи Аргентина пред 93.000 навивачи и со тоа стана прва екипа која освоила Светско првенство.

Сите натпревари се одиграа во главниот град на Уругвај, Монтевидео. Се користеа три стадиони : Сентенарио ( en:Estadio Centenario ), Поситос ( en:Estadio Pocitos ) и Централ Парк ( en:Estadio Parque Central ). Стадионот Сентентарио со капацитет од приближно сто илјади луѓе е изграден првенствено за прославата на стогодишната независност на Уругвај, потоа и за Светското првенство. Жил Риме го прогласи Сентенарио за фудбалски храм.

На Сентенарио се одиграа единаесет од осумнаесет натпревари, вклучувајќи двете полуфиналиња и финалето.  Светското првенство во Уругвај е единственото за кое не се играа квалификации.