петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал се насочи кон Тимо Вернер

Реал се насочи кон Тимо Вернер

Фудбалерот на Лајпциг, Тимо Вернер е вклучен во сферата на интересите на Реал. Мадридскиот клуб може да договори трансфер на 23-годишен Германец во летниот преоден рок, објави „Скај Германија“.

Актуелниот договор на Вернер со Лајпциг е со важност до летото 2023 година. Интерес за напаѓачот покажуваат и Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул и Челзи.

Порталот „transfermarkt.de“ го проценува играчот на 75 милиони евра.

Оваа сезона Вернер одигра 25 натпревари за Лајпциг, постигна 23 голови и направи 10 асистенции.