Шпанскиот фудбалер од редовите на Реал Сосиедад Давид Силва потпиша нов договор со важност до јуни 2023 година објави клубот од Баскија.
Последните две сезони Давид Силва го носи дресот на „сино белите“ и ги оправда очекувањата станувајќи еден од најдобрите нивни фудбалери. Пред Сосиедад Силва помина десет сезони во редовите на Манчестер Сити.
Во споменатите две сезони за Сосиедад одигра 56 натпревари и постигна три голови во сите натпреварувања. Сосиедад потврдата за продолжувањето на соработката ја објави на навистина уникатен начин.