Македонската фудбалска репрезентација од синоќа е комплетната во турското туристичко гратче Белек, а еден од последните кои се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски, Стефан Ристовски.
Фудбалерот на Спортинг очекува преку двете контролни средби, да се оформи тимот што за неколку месеци го очекува почетокот на важните натпревари од Лига на Нации.
– Важно е да го засилиме карактерот на тимот низ овие пресметки и да продолжиме да работиме. Атмосферата меѓу нас е одлична, секогаш ни е драго кога се враќаме во репрезентативниот дрес и овие десетина дена ќе ги искористиме и за поголема комуникација и поголемо зближување. Секако, се надевам дека ќе бидеме на ниво и на натпреварите против Финска и Азербејџан, изјави Ристовски.
Македонија игра со Финска на 23 март, а со Азербејџан четири дена подоцна.