вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рохо во Манчестер Јунајтед до 2021 година

Рохо во Манчестер Јунајтед до 2021 година

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркос Рохо го продолжи договорот до 2021 година, објави клубот од „Олд Трафорд“.

Аргентинецот, кој е надвор од теренот поради повреда повеќе од еден месец, има можност да остане една сезона по истекот на актуелниот договор со Манчестер.

Овој 27-годишен дефанзивец, три и пол години, е член на клубот „Олд Трафорд“ од неговото пристигнување од Спортинг Лисабон, а за тоа време освои ФА Куп, Лига Куп, Лига Европа и Комјунити шилд.

Претходно играше за Спартак Москва и Естудијантес, додека за репрезентацијата има 54 натпревари и два гола.