понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома: Го посрамотивте клубот (ВИДЕО)

Рома: Го посрамотивте клубот (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Рома го осуди денеска однесувањето на „мал број свои навивачи“ кои го посрамотиле клубот прет натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

Двајца навивачи на Рома се уапсени во Ливерпул под обвинение за обид за убиство.

Тие непосредно пред почетокот на натпреварот на Енфилд му нанеле тешки повреди на 53-годишен маж кој е во критична состојба.

-Фудбалскиот клуб Рома најостро го осудува ваквото однесување на мал број навивачи кои патувале во Ливерпул и го посрамотија клубот и повеќето навивачи на Енфилд, се вели во соопштението на италијанскиот клуб.

Рома истакна дека за такво однесување нема место во фудбалот.

-Клубот соработува со Ливерпул, Европската фудбалска унија и властите. Нашите мисли се со повредениот навивач на Ливерпул и неговото семејство, се вели во соопштението.

 

По повод инцидентот се огласи и УЕФА која наведува дека е шокирана од инцидентот.

-УЕФА е шокирана од нападот кој се случи пред почетокот на натпреварот меѓу Ливерпул и Рома. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства. На сторителите на тој срамен напад не им е местото во фудбалот и веруваме дека властите со тоа сериозно ќе се позанимаваат. УЕФА чека потполн извештај пред евентуалните дисциплински мерки, се вели во соопштението.