недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома се договори со Реал да го изнајми Мајорал

Рома се договори со Реал да го изнајми Мајорал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Борха Мајорал може да ја помине следната сезона во Рома, пренесува „Кориере дело Спорт“.

На 23-годишниот Шпанец се гледа како на алтернатива на напаѓачот на „римската волчица“, Един Џеко, кој може да го напушти клубот.

Според италијанскиот весник, надоместокот за годишниот закуп ќе изнесува три милиони евра.

Мајорал сезоната 2019/20 ја помина во Леванте на позајмица, постигнувајќи девет гола и две асистенции на 36 натпревари за тимот.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 10 милиони евра. (МИА)