четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо објави импресивно видео од тренинг, сѐ уште е ѕвер

Роналдо објави импресивно видео од тренинг, сѐ уште е ѕвер

Кристијано Роналдо (38) сѐ уште е апсолутен ѕвер кога е во прашање физичката подготвеност, а португалскиот ас тоа го демонстрираше со импресивно видео кое го објави на стори на Instagram.

Иако веќе некое време е на одмор, фудбалерот на Ал-Наср не заборава на тренизите и одржува кондиција воочи почетокот на подготовките за новата сезона.

Роналдо објави видео на кое се гледа како тренира и спринтира на рид, за потоа е кадар во кој се гледа неговото совршено обликувано тело како доказ дека сѐ уште е во беспрекорна форма. На сторито напиша „нема болка нема добивка“.

Во првиот дел од одморот, Роналдо ужива на Средоземното Море на јахта со Георгина Родригес и децата, а новата сезона во првенството на Саудиска Арабија почнува на 11 август.

Пред 5 дена сподели и видео објава на која се гледа како вежба со тегови.