Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља му додели отказ на тренерот Едуардо Берицо поради слави резултати.
– Севиља му се заблагодарува на Берицо за професионалната работа и односот кон сите во клубот од почетокот на неговото доаѓање. Во најбрзо време ќе назначиме нов тренер, се вели во соопштението на Севиља.
Берицо покрај слабите резултати, имаше и здравствени проблеми, па андалузискиот клуб одлучи да ја прекине соработката.
Во Ла Лига Севиља се наоѓа на 5.место со 29 бодови.