вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ШОК ЗА БЕЛГИЈА: Де Брујн и Азар потешко повредени?

ШОК ЗА БЕЛГИЈА: Де Брујн и Азар потешко повредени?

Фудбалската репрезентација на Белгија се соочува со многу голем проблем во пресрет на дуелот против Италија во четвртфиналето на ЕП, затоа што неизвесни за настап во тимот на „црвените ѓаволи“ двата клучни фудбалери – Кевин Де Брујн и Еден Азар.

Белгијците ќе стискаат палци и ќе се надеваат дека лекарскиот тим до петок ќе ги оспособи Де Брујн Азар, кои против Португалија излегоа од теренот поради повреди. Де Брајне се пожали на проблеми со скочниот зглоб, додека Азар три минути пред крајот побара замена држејќи се за задната ложа.

„Немаме многу време, шансите да играат се 50-50. Немаат ‘структурно оштетување’, но на ова ниво потребен ви е секој што може да одговори сто отсто, а јас не знам дали ќе ги имам баш потполно подготвени. Тие остануваат со тимот, но немаме многу време, па ќе одиме од ден на ден, за да пробаме да ги подготвиме за настапот“, вели селекторот Роберто Мартинез.