Еден однајдобрите фудбалери на денешницата во светот, португалскиот ас Кристијано Роналдо со вечерашниот постигнат гол против репрезентацијатана Франција стана најдобар стрелец на големите турнири – Европско и Светско првенство, притоа оставајќи го зад себе легендарниот германски фудбалер Мирослав Клосе со 19 погодоци.
Кристијано Роналдо сега напаѓа нов рекорд, тоа е најефикасен играч во историјата на националните тимови. Лидер е Али Даеи од Иран, кој на листата има еден гол повеќе од португалскиот голгетер.