среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Томас Тухел останува дефинитивно и наредната сезона во Баерн Минхен

Томас Тухел останува дефинитивно и наредната сезона во Баерн Минхен

Хаосот што го предизвикаа првите луѓе на Баерн Минхен, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и извршниот претседател Оливер Кан, со отпуштањето на тренерот Јулијан Нагелсман и носењето на Томас Тухел, планираат да го средат така што не го обрвзаа новиот стратег да ја освои титулата во Бундеслигата.

Баерн досега е елиминиран од Сити во ЛШ, елиминиран е и од Купот на Германија, а со вчерашниот пораз од Мајнц, ја загуби и лидерската позиција на табелата во Бундеслигата. На пет кола пред крајот на сезоната, Баерн Минхен има 59 бода, еден помалку од Борусија Дортмунд.

Денеска управата на Баерн предводена од Кан и Салихамиџиќ донесе одлука Томас Тухел да остане тренер на екипата и следната сезона. Според новинарот Фабрицио Романо, на Тухел ќе му биде дозволено во летниот преоден рок да донесе засилувања по негов вкус, а и да се ослободи од прекубројните играчи.