Поранешниот италијански фудбалер Лука Тони пред неколку дена доживеа вистинска драма во својот дом. Медиумите објавија дека бившиот напаѓач бил нападнат од крадци, кои влегле во неговиот дом, пренесумва Спорт1.мк
Многумина беа изненадени кога Тони потврди дека тој и неговото семејство биле во домот, кога крадците влегле да ги ограбат.
„Вистина е дека во четвртокот се случи инцидент. Тројца наоружани мажи влегоа во нашиот дом. Имаа маски на лицата и украдоа некои работи. Ова е шок за мене, а посебно за моето семејство, но најважно е дека сме добро. Полицијата стигна затоа што некој од соседите забележал што се случува. Сепак, тие успеале да избегаат, а на камерите не може да се забележат премногу детали“, вели поранешниот фудбалер.
Aggressione armi in pugno: paura per Luca Toni #rapina #lucatoni https://t.co/xOYOhI6IR1
— Ticinonline (@Ticinonline) October 24, 2020