сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Убиен фудбалски репрезентативец на Панама

Убиен фудбалски репрезентативец на Панама

Панамскиот фудбалски репрезентативец Гилберто Ернандез почина откако во неделата беше застрелан во градот Колон, јавија синоќа локалните медиуми.

Ернандез настапуваше за панамскиот прволигаш Клуб Атлетико Индепендиенте де Ла Чорера, а за националниот тим одигра два натпревари.

Медиумите јавија дека вооружени напаѓачи пукале во група луѓе во која се наоѓал 26-годишниот панамски фудбалер. Ернандез им подлегнал на повредите, а седум лица се ранети.

Сè уште не е познато дали Ернандез бил цел на нападот и кој бил мотивот.

Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за убиството на фудбалерот.

Изминатите месеци во Колон, град со околу 40.000 жители, дојде до пораст на убиствата. Од почетокот на оваа година во градот се убиени повеќе од 50 луѓе.