понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА ги продаде ТВ правата за ЛШ за 15 милијарди евра!

УЕФА ги продаде ТВ правата за ЛШ за 15 милијарди евра!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) за рекордни 15 милијарди евра ги продаде ТВ правата за своите клупски натпреварувања за периодот од 2024 до 2027 година, пишува „Марка“.

Краткиот проект европска Суперлига кој беше формиран од 12 фудбалски гиганти, влијаеше на УЕФА да се обиде да дојде до поголема сума на пари за да ги „задоволи“ клубовите, кои, пред се настапуваат во Лигата на шампионите.

Европската куќа на фудбалот успеа во својата намера, ги продаде ТВ правата за наредниот тригодишен циклус (2024-2027) за натпреварите во Лигата на шампионите, Лига на Европа и Лигата на конференции за неверојатни 15 милијарди евра. Од оваа сума, 51 отсто ќе задржи УЕФА, а 49 отсто, односно 7.35 милијарди евра ќе им бидат поделени на клубовите.

Заработката со новиот договор ќе биде за 40 отсто поголема од актуелниот договор кој УЕФА го има со носителите на ТВ правата.

Причина за зголемување на сумата е промената на форматот на клупските натпреварувања, пред се на Лигата на шампионите од 2024 година. Тогаш ќе учествуваат 36 екипи и ќе се играат повеќе натпревари.

– Мило ни е што постои толку големо интересирање. Воодушевени сме што новиот договор ќе овозможи поголема распределба на парите на клубовите низ Европа и ќе биде постигната одредена финанска стабилност – изјави Александар Чеферин, претседателот на УЕФА.