понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА ја објави одлуката за Рамос

УЕФА ја објави одлуката за Рамос

Стоперот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн зашто УЕФА одлучи да не го казни поради влегувањето во тунелот по натпреварот од Јувентус.

Рамос беше суспендиран за време на натпреварот, што значи дека не смееше да биде во тој дел на стадионот, но потенцијалната казна нема да стапи во сила.

Дефанзивецот во тунелот седел од третиот гол на Јувентус до победничкиот пенал на Реал.

Според правилникот на УЕФА, суспендиран играч не смее да се најде на теренот или во тунелот, а тоа правило го прекрши Чаби Алонсо во финалето на ЛШ во 2014 година, па доби суспензија за УЕФА Супер купот.

Причината поради која на Рамос му е простен прекршокот е што не излегол на терен и добро се однесувал во зоната во која се наоѓал.