петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВАР технологијата влезе и во англискиот фудбал, но јавноста разочарана- судијата не поништи игра со рака

Натпреварот од ФА купот одигран синоќа во Брајтон меѓу истоимениот домашен тим и Кристал Палас влезе во историјата на англискиот фудбал како прв на кој се користеше видео-технологијата (ВАР).
ВАР технологијата влезе и во англискиот фудбал, но јавноста разочарана- судијата не поништи игра со рака

Технологијата ВАР ќе се користи во Англија во ситуации каде што има дилема за постигнат гол, одлуки поврзани околу пенал, при спорни ситуации за црвен картон, како и за замена на идентитет на фудбалер.

Сепак, англиската јавност е изненадена што, по прегледот на видео-снимката, судијата Маринер не го поништи победничкиот гол на Брајтон кој беше спорен поради игра со рака.

Натпреварот заврши со победа на Брајтон од 2:1.