петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вернер ќе го одбие Берн поради Ливерпул

Вернер ќе го одбие Берн поради Ливерпул

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер на крајот на сезоната нема да замине во Баерн Минхен. Фудбалерот на германската репрезентација нема да ја продолжи кариера во друг клуб во Бундеслигата.

Вернер има намера да се пресели во Ливерпул за да може да работи со тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, објави „Билд“.

Претходно се дозна дека за Вернер се заинтересирани и Барселона, Интер, Јувентус и Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2019/20, Вернер постигна 27 голови и оствари 12 асистенции на 36 натпревари за Лајпциг. Неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 64 милиони евра.