Лионел Меси беше главна ѕвезда во рекламниот спот на „Пепси“, со кој беше најавен Мундијалот во Катар.
Аргентинецот беше во друштво на Пол Погба и неговиот поранешен соиграч Роналдињо. Настаните во видеото се случуваат низ улиците во Доха и носат интересен крај, со Меси во главна улога.
Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември, а ќе заврши со мечот за светска титула, на 18 декември.