– Моравме да победиме, ама јас сум задоволен од начинот на кој играчите играа, како реагираа по водството на противникот. Тие се бореа и немам што да замерам. Искрено сум благодарен за нивниот дух, рече Мурињо по натпреварот.
По влегувањето на Лингард и Михтарјан, „црвените ѓаволи“ многу подобро играа.
– И двајцата беа одлични. Доминиравме во вториот дел, а играчите го прифатија ризикот да играат со само еден одбранбен играч. На крајот, бод е најмалку што заслужуваме.
Манчестер Јунајтед со 43 бода е на второто место во табелата во Премиер лигата. Во следното коло на „Олд Трафорд“ доаѓа Саутемптон на 30 декември.