среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Влаховиќ не ги заборава поранешните соиграчи – го тешеше трагичарот Венути

Влаховиќ не ги заборава поранешните соиграчи – го тешеше трагичарот Венути

Фиорентина вчера доминираше против Јувентус во полуфиналето од италијанскиот куп, но на крајот сепак претрпе пораз од 0:1.

Промашија фудбалерите на Фиорентина голем број шанси, посебно во првото полувреме. Казната стигна во последните моменти од натпреварот. После едно нафрлување од десната страна топката го погоди играчот на домашниот тим Лоренцо Венути и заврши во мрежата.

Несреќниот дефанзивец не можеше да верува што му се случи, беше неутешен откако ја виде топката во мрежата. Некои фудбалери на Јувентус меѓу кои беше и поранешниот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ дојдоа да го утешат.

Сепак, Фиорентина има реванш и се уште за нив не е се загубено.