понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Американката Бриана Стјуарт е избрана за најкорисна кошаркарка на Светското првенство

Американката Бриана Стјуарт е избрана за најкорисна кошаркарка на Светското првенство

Американката Бриана Стјуарт е избрана за најкорисна кошаркарка (МВП) на Светското првенство што се играше во Шпанија.

Покрај неа во идеалната петорка на Мундијалот се најдоа уште и Дајана Таураси (САД), Ема Месемам (Белгија) Елизабет Кејмбејџ (Австралија) и Есту Ндоур (Шпанија).

Шампионскиот трофеј, трет по ред и вкупно 10-ти го освои селекцијата на Соединетите Американски Држави кои во финалето ја победија Австралија со 73:56.