Кошаркарот на Мемфис, Џарен Џексон Јуниор, е избран за најдобар одбранбен играч сезонава во НБА, објави денеска раководството на лигата.
Дваесетитригодишниот Џексон освои 56 од можните 100 први места во гласањето на медиумите со вкупно 391 бодови. Втор во изборот беше Брук Лопез од Милвоки (309 бодови), а трет Еван Мобли (Кливленд, 101).
Џексон стана втор најмлад добитник на оваа награда по Двајт Хауард во 2009 година, а регуларниот дел од сезоната го заврши со просек од 18.6 поени, 6.8 скокови и една украдена топка по натпревар.
Мемфис беше трета најдобра дефанзивна екипа во лигата и регуларниот дел го заврши на второто место во Западната конференција.