недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролига го казни Дончиќ со 4.500 евра

Евролига го казни Дончиќ со 4.500 евра

Еден од најдобрите кошаркари на Реал Мадрид и на словенечката репрезентација Лука Дончиќ доби висока казна од Евролигата за непристојно однесување и непочитување на судиите на дуелот против Валенсија одигран во вторникот вечерта.

Тој жестоко реагираше откако му беше досудена неспортска грешка, а набрзо потоа беше и исклучен. Притоа тој „беше во некоректен дијалог“ со судиите, а потоа и „шутираше“ во тунелот на излезот од теренот.

– Лука е млад кошаркар и тоа може да се случи. Ја заслужи казната, но и судиите треба да водат сметка за своите одлуки, изјави тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо.

По 13-те одиграни кола Дончиќ е најкорисниот играч со индекс 26. Има просек од 19,4 поени; 5,6 скокови и 4,2 асистенции по натпревар.