сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролигатата ги објави кандидатите за МВП наградата

Евролигатата ги објави кандидатите за МВП наградата

Евролигата ја објави листата на кандидати за наградата што му се доделува на најкорисниот играч на сезоната, а во потесниот избор се најдоа неколку познати имиња.

Меѓу фаворитите одново е одличниот српски плејмејкер Василије Мициќ од Ефес, а тука се и кошаркарите на Олимпијакос, Костас Слукас и Александар Везенков, центарот на Реал Мадрид, Валтер Тавареш, евролигашкиот руки од Фенербахче Џонатан Мотли и центарот на белградски Партизан, Матијас Лесор.

Треба да се нагласи дека минатогодишниот добитник на МВП наградата Никола Миротиќ не се најде во оваа конкуренција, бидејќи поради повреда пропушти голем дел од сезоната.