петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Германците ја растурија Франција

Германците ја растурија Франција

Кошаркарите на Германија победнички го почнаа настапот на Европското првенство (ЕП) на кое се домаќини на една од групите во Келн, а потоа и на завршницата во Берлин, откако вечерва убедливо ја совладаа фаворизираната Франција (76-63).

Тиеман со 14 поени и Гифи и Ло со по 13 поени беа најдобри кај Германија, додека Јабусел со 18 поени беше најпрецизен кај Французите.

Денес на ЕП се играат првите мечеви во групите во Прага и Милано.

УТРЕ НА ПРОГРАМАТА

Израел – Финска (14 часот)

Украина – В. Британија (14.15 ч.)

Хрватска-Грција (17 ч.)

Полска-Чешка (17.30 ч.)

Италија – Естонија (21 ч.)

Србија – Холандија (21 ч.)