Кошаркарите на Гостивар остварија голема победа на гостувањето кај Пелистер со 71:72 и се вратија во игра за пласман во плеј-офот. Херој на Гостиварци беше Ефремовски кој на 13 секунди до крајот погоди тројка за 71:72.
Пелистер имаше шанса да дојде до победата, но Малешевиќ не беше прецизен.
Силаџи беше најдобар кај гостиварци со 31 поен, Димитриевски даде 13, а Ренсом 10 поени. Кај Пелистер најефикасен беше Малешевиќ со 21 поен, Стајиќ даде постигна 18 поени.
Во плеј-аутот, најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички загуби со 72:64 на гостувањето кај Ангели. Ангели до првата победа во плеј-аутот стигнаа благодарение на одличната игра во три четвртини кога дојде до плус 18 (61-43). Предводници во победата на Ангели беа Раме со 21 и Хендерсон со 13 поени.
Кожув во ефикасен меч со 102:96 беше подобар од вториот тим на МЗТ Скопје и ја прекина низата од три порази во плеј-аутот. Најзаслужни за победата беа Унрих со 25 поени и Колев и Деј ко дадоа по 21 поен.
Куманово со 88:84 беше подобар од Академија ФМП. Зивчевиќ беше најпрецизен кај Куманово со 27 поени, додека Јузбашиќ одигра одлично остварувајќи дабл-дабл од 24 поени и 22 скокови.