петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кајри Ирвинг доби суспензија од Бруклин Нетс

Кајри Ирвинг доби суспензија од Бруклин Нетс

Кајри Ирвинг се најде во центарот на скандал, поради навредливи коментари кон Евреите и поддржување на филм со антисемитски елементи. Поради тоа кошаркарот јавно се извини, меѓутоа Бруклин Нетс сметаат дека тоа не е доволно, како и дека Ирвинг не ги отфрлил верувањата јавно и недвосмислено.

Клубот реши да се обрати преку официјално соопштение, поврзано со непожелната ситуација.

„Во текот на последните неколку денови константно се обидувавме да му помогнеме на Ирвинг да разбере колку неговите зборови и дела се штетни. Сметавме дека едукативниот пат е исправен и ќе напредуваме. Денес сме уверени во спротивното, Кајри во текот на конференцијата за медиумите не ги отфрли антисемитските верувања недвосмислено и не прифати дека во спорниот филм има недозволена содржина. Тоа не се случи првпат.

Поради тоа што не се откажа јавно од омразата кон Евреите, а тоа за нас е вознемирувачки и е против верувањата на нашата организација, нашата одлука е дека во моментов не е пожелно Бруклин Нетси да се поврзани со Кајри Ирвинг“, стои во соопштението.

Бруклин го суспендираше Кајри на барем пет натпревари, а во тој период тој ќе мора да мине серија поправни мерки за да може да се врати во тимот. Во периодот во кој нема да игра, Ирвинг нема да прима плата од Нетси.