Кошаркарскиот клуб Работнички од Скопје од страна па Дисциплинската комисија на КФСМ го казни овој клуб со 89.000 денари.
Тие ќе платат 40.000 за инцидентите на своите фанови кои ги направија на првиот меч во “Јане Сандански“ кога беа гости, а ќе платат и 49.000 денари за она што се случуваше на вториот меч кога беа домаќини и кога се играше на Кале.
Има казна и за МЗТ Скопје и тоа од 34.000 денари, исто така за своите фанови. Од кои 10.000 за палење на димни бомби на првиот меч во Аеродром, 16.000 денари за фрлање петарди и димни бомби на вториот меч и 8.000 денари за неспортско навивање.